Свет Европа ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Европската Унија ги продолжи за уште шест месеци санкциите за Русија и за поединци од Украина, воведени поради поткопување на територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Советот на ЕУ усвои одлука со која до 15 септември се продолжуваат рестриктивните мерки, замрзнувањето на имотот и забраната за патување за 150 лица и за 37 компании.

Одлуката за продолжување на рестриктивните мерки на ЕУ е образложена со проценката дека ситуацијата на терен не придонела за можна промена на рестриктвниот режим.

ЕУ ги воведе санкциите во март 2014 година, како одговор на кризата во Украина.