Македонија ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со струја

ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со струја

фото: Fré Sonneveld на Unsplash

ЕСМ Продажба од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија, според одлуката на Владата за антикризни мерки.

Субвенционираното снабдување со струја за фирми од прехранбената индустрија и за училишта и други институции, почна минатиотн месецо.

Како што соопштија од ЕСМ, за снабдување со струја по пониска цена од 1 јануари годинава се вклучени дополнителни 65 училишта, како и уште 57 фирми од прехранбената индустрија и 6 водостопански претпријатија.

Вкупниот број субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675, односно по пониска цена се снабдуваат 374 училишта, 244 фирми од прехранбената индустрија и 57 водостопански претпријатија. Притоа, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по цена од 80, а училиштата и водостопанствата по цена од 95 евра за мегаватчас.

Рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари е до 20 јануари.