Таг: субвенционирана струја
таг: субвенционирана струја
Пречистителните станици чистат фекалии, ама лани ги „набилдаа“ и сметките за струја на општините
Помалку од половина македонските општини имаат изградено пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ), а постоечките минатата година се соочија со огромни тешкотии во работењето поради набавката на електрична енергија на слободниот пазар. Јавните комунални претпријатија едвај успеаја да се справат со месечните сметки за струја, а владата дури кон крајот на годината одлучи нив да ги врати на регулираниот...
Големите производители не носат леб, помалите ја користат шансата [фото]
Скопските маркети утрово не добија леб од големите производители на овој основен прехранбен производ. Мета.мк направи обиколка на продавниците низ неколку скопски населби и заклучокот до кој дојдовме е дека големите производители на леб, како што се „Жито лукс“, „Уни Лукс“, пекара „Диме“ и останатите фабрики, утринава не доставиле свеж бел и полубел леб до продавниците.
Од претпладневната обиколка, свеж...
Цената на лебот се замрзнува на 33 денари, нема веќе повластена цена на струјата за компаниите
Владата ја замрзна цената на лебот на 33 денари и ја укина субвенционираната цена на струјата за компаниите. Со замрзнувањето на цената, белиот и полубелиот леб сечен на париња или цел од 450 грама, ќе биде 33 денари, а под 450 грама до 33 денари по леб во сооднос со тежината на лебот.
Замрзнувањето на цената на лебот ќе важи до...
Ќе нема субвенционирана струја за прехранбената индустрија која не ги намали цените
Министерството за економија испратило предлог-одлука до Владата за укинување на мерката за субвенционирана електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија. Мерката се однесува на компаниите кои произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи и други прехранбени продукти.
Како што стои во соопштението, анализите на Министерството за економија покажале дека кај голем дел од компаниите...
ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со струја
ЕСМ Продажба од 1 јануари годинава го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија, според одлуката на Владата за антикризни мерки.
Субвенционираното снабдување со струја за фирми од прехранбената индустрија и за училишта и други институции, почна минатиотн месецо.
Како што соопштија од ЕСМ, за снабдување со струја по пониска цена од 1 јануари годинава се вклучени дополнителни...
Деновиве ќе поевтинат месото и млечните продукти, поевтина ќе биде и струјата за месната индустрија
Министерот за економија Крешник Бектеши прогнозира дека деновиве ќе поевтинат цените на месото, млекото и млечните производи од 5 до 12 отсто, а до крајот на годината, ќе има и други намалувања на цените. Како што тој вели, веќе се стабилизирани цените на суровините за маслото за јадење, како и на пченицата и на пченката, така што се очекува...