Свет Европа Ердоган и Путин се сретнаа во Анталија

Ердоган и Путин се сретнаа во Анталија

Денеска на маргините на Самитот Г20, во турската област Анталија, се сретна претседеателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин. На средбата на двајцата претседатели разгледан бил и проектот „Турски тек“.

„Полето за соработка е широко“, им соопштил на новинарите по тет-а-тет средбата претставникот на кабинетот на Путин, Дмитриј Песков. Тој информирал дека седница на меѓудржавната комисија на Русија и на Турција ќе се одржи во Санкт Петерсбург на 15 декември.

Шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, на новинарите во Анталија претходно денеска им рекол дека проектот „Турски тек“ може да биде реализиран во многу краток рок, иако меѓувладиниот договор уште не е потпишан. Причината за овој став, Милер ја образложи со тоа што со турската страна било договорено цевките по дното на Црно Море да бидат поставени на истиот коридор што е планиран за проектот „Јужен тек“. Тој потсети дека двата проекти се совпаѓаат во две третини од трасата.