Свет Ердоган го обвини Западот дека ја помага ИД

Ердоган го обвини Западот дека ја помага ИД

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за време на официјалната посета на Пакистан, изјави дека Западот ја потпомага Исламска држава.

Во обраќањето пред пратениците на пакистанскиот парламент, Ердоган рече дека Западот ги поддржува терористите и додаде дека оружјето пронајдено кај екстремистите е произведено во западните земји.

Турција е членка на НАТО, а коалицијата предводена од САД се бори против ИД во Сирија и во Ирак. Воздушните напади на коалицијата им помогнаа на ирачките и на сириските сили да ги протераат терористите од многу градови.

Екстремистите на ИД заплениле голем дел од воените возила и оружја, кои САД им ги донираа на ирачките власти во 2014 година, кога џихадистите се раширија во земјата.