Свет Балкан Ердоган ги повлече турските војници од воена вежба, НАТО се извини

Ердоган ги повлече турските војници од воена вежба, НАТО се извини

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се извини на Турција откако актуелниот претседател на земјата, Реџеп Таип Ердоган, и првиот претседател на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк, беа претставени како „непријатели“ на воена вежба на НАТО во Норвешка.

Ердоган, лут поради тоа, ги повлекол 40-те турски војници, по што следуваше извинувањето од Столтенберг.

– Се извинувам за навредата што е нанесена. Инцидентите беа резултат на постапките на поединец и не ги одразуваат гледиштата на НАТО – изјави Столтеберг.