Свет „Ен-Би-Си“ го прекина деловниот однос со Доналд Трамп

„Ен-Би-Си“ го прекина деловниот однос со Доналд Трамп

Деловниот однос со магнатот Доналд Трамп, кој е кандидат за претседател на САД од Републиканската партија, е прекинат од американската радио-телевизија „Ен-Би-Си“. Оттаму изјавија дека причината се неговите коментари за имиграцијата.

„Ен-Би-Си“ соопшти дека повеќе нема да ги емитува годишните натпревари „Мис САД“ и „Мис универзум“, кои беа заеднички проекти на компанијата и на Трамп.

Одлуката беше донесена откако во говор при објавувањето на својата кандидатура за претседател, Трамп изјави дека „мексиканските имигранти носат наркотици, носат криминал, тие се насилни, а некои се добри луѓе“.