Свет Емиратите примиле 200.000 бегалци

Емиратите примиле 200.000 бегалци

Владата на Обединетите Арапски Емирати издаде соопштение во кое се наведува дека примиле 200.000 бегалци, како одговор на критиките дека богатите заливски земји не помагаат доволно во сириската криза.

Во соопштението се наведува дека се издадени дозволи за престој на повеќе од 100.000 граѓани на Сирија, кои влегле во земјата од 2011 година, како и повеќе од 242.000 Сиријци кои во моментов се во државата. Во документот се наведува дека владата од 2012 година досега дала повеќе од 530 милиони долари за хуманитарна и за развојна помош за сириската криза.

Емиратите се федерација од седум држави, во која е и блискоисточниот комерцијален центар Дубаи и главниот град Абу Даби. Оваа земја претставува втора економска сила во арапскиот свет.