Економија Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернерки на НБРМ

Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернерки на НБРМ

Емилија Нацевска и Ана Митреска се новите вицегувернерки на Народна банка кои стапија на функција на 18 октомври по нивното именување во Собранието, на 60. седница. По спроведен оглас, тие беа предложени од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска.

Ден потоа, пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„НБРМ изразува задоволство што и овој пат, Собранието без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка. Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава“, велат од Народна банка.