Свет Европа Елка од пластични шишиња ќе биде поставена во Москва

Елка од пластични шишиња ќе биде поставена во Москва

Tри метри висока елка, направена од пластични шишиња, ќе биде поставена на една улица во центарот на Москва. Таа ќе биде осветлена од генератор поврзан со велосипед.

Оваа елка е подарок од членовите на една група активисти кои сакаат да покажат дека е можно Москва да се осветли, а притоа да не се направи голема штета на животната средина.