Свет Екстремно студено време и снег на истокот на САД

Екстремно студено време и снег на истокот на САД

Жителите на истокот на Соеднинетите Американски Држави (САД) повторно се соочуваат со екстремно ниска температура и со нови врнежи од снег.

Како што пренесуваат медиумите, поради новиот снежен бран, властите на сојузните држави Мисури, Индијана, Охајо, Западна Вирџинија и Пенсилванија издале предупредувања. Од студот во изминатите неколку дена починале повеќе од 20 луѓе.

Снег повторно наврнал и во главниот град Вашингтон, а температурата се спуштила на -34 Целзиусови степени.

Не толку како на северот, но температурите опаднале и во вообичаено топлата Флорида. Властите на градот Тампа Беј издале предупредување поради опасност од мрзнење, а во некои од зоолошките градини вработените морале дополнително да ги затоплуваат животните.