Свет Екстремистите од ИД киднапирале 170 мажи во Ирак

Екстремистите од ИД киднапирале 170 мажи во Ирак

170 мажи од две села на северот на Ирак, денеска биле киднапирани од војниците на Исламската држава поради тоа што ги запалиле нивните две знамиња.

Според локалните жители, жените ги молеле екстремистите да не ги повредуваат мажите. Екстремистите, пак, тврдат дека ќе го испитаат случајот и ќе ги казнат само одговорните за палењето на знамињата.