Македонија Екс-градоначалникот на Битола, Талески доби кривична пријава за „несовесно работење“

Екс-градоначалникот на Битола, Талески доби кривична пријава за „несовесно работење“

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Битола, Владимир Талески за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во период од 2015 до 2017 година, пријавениот спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола, со што нанел штета на општината во висина од 799.200 ден.

Покрај ова, со потпишување на договори со превозници и правни лица кои користат услуги, неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари.

Исто така, по завршување на проектот „Реконструкција на автобуски стојалишта“ не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки.