Македонија Еколошка герила-акција за чиста животна средина, по повод Денот на планетата Земја

Еколошка герила-акција за чиста животна средина, по повод Денот на планетата Земја

Неформалната заедница на еко-активисти „Скопје смог аларм“, денеска, по повод 22 Април – Денот на планетата Земја, организираше еколошка герила-акција со порака за борба за чиста животна средина.

Од „Скопје смог аларм“ информираат дека денеска е поставена инсталација со ликот на планетата Земја со тажен израз на „само едно од многуте стотици ‘диви’ депонии во земјава“, односно во населбата Карпош 4 во Скопје, кај мостот „Газела“.

„Во потрага по економски пораст и технолошки развој, човештво целосно ја занемари мајката на сите мајки – планетата Земја“, велат еко-активистите.

Целта на оваа герила-акција е да се зголеми нивото на свест кај луѓето за тоа каков однос имаме кон животната средина и кон единствената планета на која сите живееме.