Македонија ЕК очекува резултати од политичките лидери

ЕК очекува резултати од политичките лидери

Маја Коцијанчич, портпаролка на Европската комисија, денеска изјави дека очекува конкретни резултати од лидерите на партиите во Македонија.

– Го поздравуваме продолжувањето на разговорите на лидерите на политичките партии во поранешната југословенска република Македонија, вклучително и за имплементацијата на препораките што ги стави на маса Европската комисија и се дел од договорот на 2 јуни. Со нетрпение очекуваме конкретни резултати од овие разговори наскоро. Знаете дека комесарот ја изрази својата подготвеност да олеснува и тоа и понатаму е случај. Преговорите се случија во присуство на европскиот амбасадор. Засега средба со комесарот Хан не е потврдена – изјави Коцијанчич.

Таа рече дека во процесот на олеснување, исто така, важна улога одиграа членовите на Европарламентот од различни политички групи.

– Ако треба да генерализирам, ЕУ јасно ја стави до знаење својата позиција. Не само комесарот, туку и министрите за надворешни работи ја оценуваат ситуацијата, а тие, се разбира, доаѓаат од многу различно политчко потекло. Ова е прашање што треба да го погледнете во поширока перспектива, а тоа е дека земјата има јасна европска перспектива, има работи што треба да бидат сторени, ова е политичка криза која тече, кризата треба да биде решена, ова е порака која пристигна од многу страни во оваа ситуација и важно е работата овде да продолжи – изјави Коцијанчич.