Хроника Едногодишно девојче рането со огнено оружје во Кичево

Едногодишно девојче рането со огнено оружје во Кичево

Вчера, околу 13 часот, лекар од медицинскиот центар во Кичево во локалната полициска станица пријавил дека кај нив било донесено едногодишно девојче со прострелна рана во десната натколеница, нанесена од огнено оружје, информираат од МВР.

По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, девојчето било пренесено во Ургетниот центар во Скопје.

Во полициската истрага било утврдено дека истиот ден, околу 12.30 часот, на улицата Васил Главинов во Кичево, во семејната куќа на Р.М., 17-годишно момче со пиштол исптрелало еден куршум кој завршил во десната натколеница на едногодишното девојче.

Пиштолот, според полицијата, бил сопственост на Н.М., кој го поседувал со дозвола.

Полициска екипа извршила увид на местото и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.