Македонија Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Капиштец

Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Капиштец

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец.

Автомобилот, поради неприлагодена брзина, удрил во жената која починало на самото место и притоа завршил во еден од излозите во зградата пред трговскиот центар „Зебра“.

МВР и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата.