Хроника Едно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Едно лице загина во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Сообраќајна несреќа се случи на магистралниот пат Радовиш – Струмица меѓу автомобил „форд“, управуван од А.Д. (33) од Радовиш, и возило „фолксваген“, управувано од У.Д. (25) од Радовиш.

Во несреќата на самото место починал А.Д., а сопатникот Р.Д. (29) од Струмица добил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар – Струмица, бил пренесен во Клинички центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.