Хроника Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија.

Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи на МВР го извлекле телото на загинатото лице, кое по наредба на надлежен обвинител ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Засега не е познато точното време кога се случила несреќата, а нема официјална потврда за идентитетот на загинатото лице.

При увидот на местото на несреќата, што го извршиле јавен обвинител и екипа на Секторот за внатреши работи Велес, била пронајдена патна исправа на име В.М. (53) од Куманово.