Видео Еден загинат и седум повредени во несреќа во забавен парк во Охајо

Еден загинат и седум повредени во несреќа во забавен парк во Охајо

Едно лице загина, а седум се повредени во несреќа што се случи во забавен парк на панаѓур во Охајо, јавуваат локалните медиуми.

Шефот на пожарникарите од Охајо, Стив Мартин, рече дека единствена жртва е 18-годишно момче кое испаднало при возењето на реквизитот наречен „Фајербол“.

Мартин, исто така, додаде дека пет лица се во критична состојба, додека другите две не се во опасност.

Организаторите на панаѓурот засега не ја коментираат несреќата.