Свет Европа Еден загинат и триесетина повредени во железничка несреќа во Холандија

Еден загинат и триесетина повредени во железничка несреќа во Холандија

Според досегашните информации, патничкиот воз излетал од шините откако удрил во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија

Фото: Dominick Vietor from Pixabay

Тешка железничка несреќа се случи утринава во Холандија, кога едно лице загина, а околу 30 се повредени, пренесува Јуроњуз.

Сообраќајната несреќа се случила околу 3:25 часот утринава во близина на Хаг, а во возот имало околу 50 луѓе. Според досегашните информации, патничкиот воз излетал од шините откако удрил во градежна опрема на шини меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија.

Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот се запалил.

Џон Вопен, извршен директор на Pro Rail, ја нарече несреќата „црн ден за холандските железници“.

Повредените патници биле згрижени во домовите кои се наоѓаат во близина каде што се случила несреќата, а потоа биле транспортирани во болниците.

Железничкиот сообраќај меѓу Лајден и Хаг е прекинат.