Свет Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

Еден загинат и осуммина повредени во терористички напад во Ерусалим

За два месеци, ова е втор ваков напад во Ерусалим

Возач со автомобил денеска удрил во група пешаци на сообраќајница во Ерусалим, а потоа излегол од возилото и почнал да ги напаѓа луѓето со метална шипка сè додека не бил убиен од полицијата, јавуваат израелските медиуми.

Девет лица биле повредени во нападот, од кои тројца тешко. Тие биле пренесени во болницата „Хадаш“, каде еден им подлегнал на повредите, изјавил за израелското армиско радио професорот Јарон Вајс.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е Палестинец, припадник на терористичката организација Хамас.

Во изминатите две недели ова е втор ваков напад во Ерусалим, каде Палестинците секој ден протестираат заради тензии околу местата кои и муслиманите и Евреите ги сметаа за свети.

Денешниот напад се случил на железничка постојка во улица што ги поврзува арапскиот Источен Ерусалим и соседниот кварт, населен со ултраортодоксни Евреи.