Хроника Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Миладиновци

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Миладиновци

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила околу еден часот по полноќ на автопатот Велес – Куманово, кај клучката Миладиновци.

Автомобил „матиз“ со кумановски регистерски ознаки се превртел, при што тешки телесни повреди добил сопатникот Душко Р. (61) од Крива Паланка. Лицето бил пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде околу два часот по полноќ им подлегнало на повредите.

Телесни повреди добиле и возачот Б.Н. (59) и сопатничката С.Р. (58). Тие, исто така, биле пренесени во ургентен центар и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Екипи на СВР-Скопје излегле на местото на настанот и извршиле увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.