Свет Европа Еден уапсен за терористичкиот напад во Стокхолм

Еден уапсен за терористичкиот напад во Стокхолм

Еден маж кој признал одговорност за нападот во Стокхолм е уапсен во северен Стокхолм, јави локален шведски весник.

Полицијата го потврди тоа, но кажа дека уште не е утврдено дали е тоа сторителот. Инаку, според официјалните информации бројката на загинати е четворица, 15 луѓе се повредени, од кои девет се со тешки повреди.

Во секој момент се очекува да проработи и метрото во Стокхолм, кое беше затворено во рамките на големата безбедносна операција.

Едно лице со украден камион за пиво денеска влета во стоковна куќа во центарот на Стокхолм.

Покрај мртвите, има и многу повредени, а на улицата Дротнингатан во делот на Стокхолм познат по продавници, има и траги на крв.