Македонија Две мајки во полиција пријавиле дека исчезнале нивните ќерки

Две мајки во полиција пријавиле дека исчезнале нивните ќерки

Две девојки, на возраст од 14 и 23 години, во изминатото деноноќие биле пријавени како исчезнати, соопшти МВР

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

Две девојки, на возраст од 14 и 23 години, во изминатото деноноќие биле пријавени како исчезнати, соопшти МВР.

Вчеравечер во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека исчезнала нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а и претходно бегала од дома.

Нешто порано, во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) од с.Церово, тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.Б.(23).

Полицијата соопшти дека по двете девојки се трага.