недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: девојки | 18 резултати

Програмата „Aspire Balkans“ ги уведува заинтересираните жени во претприемништвото

25 септември 2023

Како почеток на пре-акселераторската програмата „Aspire Balkans“ која има за цел да ги охрабри девојките и жените од земјава да станат претприемачки и својата бизнис идеја да ја претворат во старт-ап или да го унапредат својот веќе постоечки бизнис, минатата седмица се одржани првите предавања и работилници. Првиот модул на програмата го водеше инвеститорот од […]

Две мајки во полиција пријавиле дека исчезнале нивните ќерки

8 април 2023

Две девојки, на возраст од 14 и 23 години, во изминатото деноноќие биле пријавени како исчезнати, соопшти МВР. Вчеравечер во 23:30 часот во Полициската станица Драчево, М.М.(44) од с.Драчевица, скопско, пријавила дека исчезнала нејзината ќерка И.М.(14), која имала здравствени проблеми, а и претходно бегала од дома. Нешто порано, во 22.40 во Полициското одделение Групчин, С.Б.(45) […]

Најнов трејлер за новата класа на Black Desert Online, наречена „Мегу“

10 февруари 2023

Неодамна излезе најнов трејлер за новата класа на Black Desert Online, наречена Maegu (се изговара „Мегу“). Се работи за сестра близначка на „Вуса“, претходно излезената класа, за којашто имаме посебен напис, но сепак не ѝ e идентична близначка. Напротив, изгледа како излезена од сосема друга школа и е со дијаметрално спротивен изглед. Таа е култист […]

Тетово со протестен марш се солидаризираше со Приштина против насилството врз жените и девојчињата (ВИДЕО)

5 септември 2022

„5 мажи, 7 часа, девојчето 11 години“, се извикуваше на протесниот марш кој тргна од плоштадот „Илирија“ до Основниот суд Тетово. Градот преку овој протест во петокот се солидаризираше со Приштина против насилството врз девојчињата и жените, а повод беше силувањето на 11-годишно девојче од страна на 5 мажи во Косово. Граѓанското општество побара сторителите […]

Платформа за родова еднаквост: Институциите навремено да реагираат и соодветно да ги казнат насилниците

2 септември 2022

Платформата за родова еднаквост со поддршка на активистите и протестите кои беа организирани и во Скопје во знак на солидарност за случајот со силуваното 11-годишно девојче во Приштина. Во реакцијата доставена од организациите-членки на Платформата за родова еднаквост стои дека силувањата, фемицидите и сексуалното вознемирување врз жените и девојките/девојчињата станаа секојдневие насекаде во регионот, каде […]

Скопје, Приштина и Тирана на протести за заштита на девојчињата и жените: Властите да ги казнат силувачите (ВИДЕО)

1 септември 2022

„Во парк одам за да играм, а не бидам силувана“, „Насилството не се оправдува“, „За педофилите доживотен затвор“, „Не ме допирај“, „За да не ги штитите девојчињата, воспитувајте ги момчињата“, „Не ги мразиме мажи, мразиме насилство“, се само дел од натписите на транспарентите на демонстрантите на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Се протестираше вчера против насилството […]

Изложба со повик полицијата сериозно да ги сфати пријавите за малтретирање на интернет

26 јуни 2022

„Насилниците имаат имиња и треба да бидат казнети“ – со оваа порака Центарот за еднакви можности „Бубамара“ вчера на плоштадот во Тетово и во Гостивар, но и во Стара скопска чаршија, ја одржа „Изложбата без име“. Целта на оваа изложба беше преку илустрации на уметникот Рехатлику да се крене свеста малтретирањето со кое се соочуваат […]

Родовиот јаз владее и во ниските 4,6 отсто од вработеното младо население во земјава [Инфографик]

26 јуни 2022

Во Република Северна Македонија има 104.035 работоспособно население што е на возраст од 15 до 19 години. Само 4.766 од нив, поточно само 4,6 отсто се активно вработени, а само 10,3 отсто се активни но притоа не се пријавени ниту како вработени ниту како невработени – вака изгледа табеларниот приказ на податоците од последниот попис […]

Менструалната хигиена не е привилегија – институциите ветуваат, но не исполнуваат

2 јуни 2022

Секој месец, околу 1,8 милијарди луѓе ширум светот имаат менструација. Милиони од овие девојки, жени, трансродови мажи и небинарни лица не се во состојба да управуваат со својот менструален циклус на достоинствен, здрав начин. Од таа причина, 28 Мај се одбележува како Светски ден на менструалната хигиена. Почетокот на менструацијата значи нова фаза и нови […]

Модна дизајнерка со школо за шиење помага во решавањето на проблемот со менструалната сиромаштија

16 декември 2021

Модна дизајнерка наградена со „откритие на годината“ од Форбс за нејзиниот образовен проект кој учи жени кои не можат да си дозволат образование за шиење и дизајн, го насочи својот фокус да помогне во борбата против менструалната сиромаштија. Маја Котала која потекнува од полскиот град Хорзов, го основаше дизајнерското училиште „Заедно шиеме“ во 2018 година, […]

Фемицидот е скриена пандемија: Не молчи, не трај, стави крај

26 ноември 2021

„Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство претставува најгруба форма на кршење на човековите права. Фемицидот е најекстремната форма на родово базирано насилство, односно криминал сторен од омраза“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово […]

Треба интерсекторска соработка за да се надмине менструалната сиромаштија

12 ноември 2021

„За да се надмине менструалната сиромаштија и да се разбијат табу темите поврзани со менструацијата потребна е интерсекторска соработка меѓу министерствата, општините и училишта“, порачаа активистките за заштита на женските права од „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ и претставничката на Министерството за здравство Сања Саздовска. Иако кај нас не е прв пат […]

Тинејџерки од Авганистан создаваат суперевтин респиратор од автомобилски делови

21 април 2020

Речиси секое утро во авганистанскиот град Херат, група од пет тинејџерки напорно работат за да создадат функционален суперевтин респиратор за болни од Ковид-19, користејќи најчесто автомобилски делови. Сомаја Фаруки и нејзините другарки се собираат со судни маки, избегнувајќи ги полициските контроли наметнати како мерка за спречување на ширењето на новиот корона вирус, и користат и […]

Седум девојки приведени во угостителски објект во Чегране

18 јуни 2016

Седум девојки, од кои три од Албанија и четири од нашата земја, се откриени при ноќешната полициска контрола спроведена околу половина час по полноќ во угостителскиот објект „Били 97“ во гостиварското село Чегране, сопственост на Б.Н. (34) од истото село, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Трите албански државјанки биле на возраст од 21, […]

Страна 1 од 1