Свет Две лица загинаа во протестите во Каиро

Две лица загинаа во протестите во Каиро

Демонстрантите кои се собраа во близина на плоштадот Тахрир во вечерните часови почнале да фрлаат со камења кон полицијата

За да растера повеќе од 1.000 демонстанти во центарот на Каиро, кои вчера се собраа за да го изразат своето незадоволство поради одлуката на судот да ги отфрли обвиненијата против соборениот претседател Хосни Мубарак, египетската полиција употреби водени топови и солзавец . Демонстрантите кои се собраа во близина на плоштадот Тахрир во вечерните часови, почнале да фрлаат со камења кон полицијата.

Објавено е дека две лица загинале во судирите.

Мубарак (86) беше ослободен и од обвиненијата за корупција со кои се соочи заедно со неговите синови Ала и Гамал. Поранешниот претседател, кој ги негира обвиненијата против него, е во домашен притвор во воената болница во Каиро. Тој издржува посебна затворска казна за злоупотреба на јавните фондови.