Македонија Две лица осомничени за сообраќајната несреќа кај Удово

Две лица осомничени за сообраќајната несреќа кај Удово

Основното јавно обвинителство – Гевгелија почна постапка против две лица осомничени за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Удово. На 46-годишниот Д.С. од Србија определени му се осум дена притвор, а за 60-годишниот Ѓ.В. предложени се други мерки за претпазливост.

„Надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување притвор во траење од осум дена за 46-годишниот Д.С., државјанин на Србија, додека за 60-годишниот Ѓ.В., македонски државјанин, се предложени други мерки за претпазливост. Двајцата осомничени се сослушани од надлежен обвинител, а со анализа на доказите треба да се утврди точната одговорност за предизвикување на сообраќајната несреќа“, соопштуваат од гевгелиското јавно обвинителство.