Македонија Две лица загинаа утрово во сообраќајна несреќа кај Росоман

Две лица загинаа утрово во сообраќајна несреќа кај Росоман

Утрово во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп поради сообраќајната незгода

Фото: Photo by Artyom Kulakov: https://www.pexels.com/photo/a-broken-windshield-of-a-car-2265634/

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман. Незгодата се случила околу 6:40 часот утрово, а според првичните информации станува збор за верижен судир на четири возила.

Утрово во прекин е сообраќајот на магистралниот пат Градско-Прилеп поради сообраќајната незгода, а екипи на МВР и на обвинителството во моментов вршат увид на лице место на настанот.

За интервенција на терен биле упатени екипи на итната медицинска помош од Кавадарци и противпожарни екипи.