Хроника Две гранати од Првата светска војна најдени во Битолско

Две гранати од Првата светска војна најдени во Битолско

Неексплодирани артилериски гранати од Првата светска војна биле пронајдени вчера во битолските села Могила и Трап, соопшти полицијата.

Гранатата, со калибар 75 милиметри, во селото Могила, била пронајдена во двор од семејна куќа, при изведеување градежни работи, додека во селото Трап парчето со ист калибар било забележано во нива во месноста Корија.

Од полицијата информираат дека двете гранати биле подигнати од стручни лица за понатамошна постапка.