Македонија Две гостиварки се затруле со печурки

Две гостиварки се затруле со печурки

Две гостиварки на возраст од 30 и од 67 години се затруле откако јаделе отровни печурки. Затруените жени од населбата Циглана 2, во гостиварската болница биле донесени со видливи знаци на труење, вчера околу 18.30 часот.

Во текот на денот и двете собирале печурки, кои ги консумирале неколку часа пред да побараат лекарска помош. Поради лошата здравствена состојба, тие веднаш биле префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

Според последните сознанија на СВР Тетово, затруените не биле контактибилни.

Пред две години, поради консумирање отровни печурки, починаа татко и син од Тетово, а членови од нивното потесно семејство поминаа со сериозни симптоми и со последици на внатрешните органи.

З.Д.