Македонија Две години и четири месеци затвор за еден од демонстрантите од 5...

Две години и четири месеци затвор за еден од демонстрантите од 5 мај

Затворска казна од две години и четири месеци му одреди денеска Основниот суд Скопје 1 на еден од обвинетите демонстранти за нередите на протестите од 5 мај пред Владата.

Кривичниот суд денеска ја објави и пресудата за вториот од оваа група обвинети демонстранти, кој доби условна казна од седум месеци затвор, која нема да се изврши доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.

„Ценејќи ги одредбите од Законот за кривична постапка (ЗКП), приложениот доказен материјал од Обвинителството и одбраната, како и исказите на обвинетите, судот ја утврди фактичката сосотојба и обвинетите Б.Ј. и А.Т. ги огласи за виновни за кривичното дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејства. Ценејќи го правилникот за одмерување казни кој е на сила, на Б.Ј. му одреди затоврска казна во траење од две години и четири месеци, додека на обвинетиот А.Т., алтернативна казна – условна осуда од седум месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од две години не стори ново кривично дело“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Од судот додаваат дека на Б.Ј. му е укинат притворот и му е одредена мерка за претпазливост и дека на двајцата обвинети им се вратени мобилните телефони.