Uncategorized Двајца вработени во Општина Дебар осомничени за злоупотреба на положбата

Двајца вработени во Општина Дебар осомничени за злоупотреба на положбата

Раководител на секторот за урбанизам и комунални работи во Општина Дебар и негов колега, вработен како архитект во Општината, се осомничени дека спротивно на деталниот урбанистички план дозволиле изградба на станбено-деловен објект во центарот на градот, информираат од полицијата.

Станува збор за П.П. (61) и Г.Ц. (50), против кои се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и бесправно градење.

Според полицијата, осомничените ги сториле делата за кои се товарат во периодот од јуни до септември 2011 година, кога спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план, прифатиле и одобриле основен проект за градба на индивидуален станбено-деловен објект во центарот на Дебар.

– Со тоа, двајцата пријавени му овозможиле на инвеститорот противправно да стекне севкупна имотно-финансиска корист од 148.807 евра – соопштуваат од полицијата.