Забава Двајца Македонци во обид да срушат Гинисов рекорд

Двајца Македонци во обид да срушат Гинисов рекорд

В сабота, 13 декември 2014 година, во салата во Спортски центар „Форца“, двајца Македонци ќе бидат во 24-часовна „потера“ по нов Гинисов рекорд! Александар Чекоров и Александар Смилков ќе се обидат да го срушат Гинисовиот рекорд за најголема далечина помината со туркање кола за 24 часа во тим од двајца. Моменталниот рекорд е 82,4 километри, кој Чекоров и Смилков ќе се обидат да го соборат и уште еднаш да ја запишат Република Македонија во Гинисовата книга на рекорди.

Настанот е закажан за сабота, со почеток во 8 часот и ќе трае сè до недела во 8 часот, кога ќе биде познат епилогот од обидот за поставување нов Гинисов рекорд.