Хроника Двајца Бугари осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Двајца Бугари осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Струмичката полиција поднела кривична пријава против двајца бугарски државјани, осомничени дека организирале и транспортирале жители на Струмица и на Василево во земјите на Европска Унија, информираат од МВР.

Станува збор за бугарските државјани С.А. (35) и Е.В.А. (28), кои се товарат за злоупотреба на безвизниот режим со државите на ЕУ и на Шенгенскиот договор.

Според полицијата, осомничените во текот на 2013 година, за суми од 200 до 300 евра за еден човек, поттикнувале, организирале и транспортирале лица од општините Струмица и Василево и од други места, во државите на ЕУ, а најчесто во Германија. Транспортот осомничените го вршеле со пет возила.