Хроника Двајца битолчани осомничени за нелегален транспорт на мигранти

Двајца битолчани осомничени за нелегален транспорт на мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против двајца битолчани, кои пред два дена биле фатени како превезуваат шестмина сириски државјани, кои илегално престојувале во земјата, информираат од МВР.

Станува збор за И.П. (27) и Т.Г. (48), кои се осомничени за нелегален транспорт на мигранти.

Според полицијата, тие биле приведени во понеделникот, околу 23.30 часот, на раскрсницата за битолското село Велушина, кога при полициска контрола на возилото, марка „ауди а4“, што го управувал Т.Г., биле откриени шестмината мигранти.