Македонија Двајцата повредени во синоќешното пукање пред тетовската болница пренесени на КАРИЛ

Двајцата повредени во синоќешното пукање пред тетовската болница пренесени на КАРИЛ

Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР, вели Меџити

Фото: Мета.мк

Пукањето што вчера околу 18 часот се случило пред влезот на Ургентниот центар на Клиничка болница Тетово било поради нерешени проблеми неповрзани со болницата, изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Цитирајќи информации од директорот на тетовската болница, тој рече дека двајцата повредени во пукањето се префрлени на КАРИЛ во Скопје.

„Двајцата се префрлени во Скопје. Едниот е во полесна, другиот во потешка состојба. Тие се префрлени на КАРИЛ, а другото ќе го расчисти МВР“, вели Меџити.

Тешки телесни повреди, односно прострелни рани здобиле А. М. (41) и З. М. (36) од тетовското село Гајре.

Приведени се четири лица, а по едно се трага.