Култура Дуке Бојаџиев со уште два концерти в недела

Дуке Бојаџиев со уште два концерти в недела

Поради големиот интерес за концертот „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев со Македонска филхармонија, кој ќе се одржи вечерва, во 20 часот, музичарот најавува уште два концерти во Скопје, кои ќе се случат в недела, на 15 февруари, во кино „Фросина“ (МКЦ), со почеток во 19 и во 21 часот.

На концертот, освен Дуке Бојаџиев на пијано, ќе настапат и вокалот Крсте Роџевски, Исмаил Лумановски на кларинет, перкусионистот Матијас Кунцли, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Васил Зафирчев како наратор.

Билети може да се купат во МКЦ, по цена од 400 денари.