Култура Дуке Бојаџиев на концерт со Македонска филхармонија

Дуке Бојаџиев на концерт со Македонска филхармонија

Македонскиот композитор Дуке Бојаџиев, на 13 февруари ќе одржи концерт заедно со оркестарот на Македонска филхармонија. Публиката ќе има можност да ужива во несекојдневна и атрактивна програма, насловена „Сон, верба, љубов“.

Концертот ќе се одржи во Македонска опера и балет во 20 часот, под диригентската палка на маестро Борјан Цанев, а на сцената заедно со Бојаџиев, кој ќе свири на пијано, ќе застанат и вокалот Крсте Роџевски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунцли. Дуке Бојаџиев, како и останатите музичари, веќе долги години живеат и творат во центарот на светската култура, Њуjорк.