Македонија ДУИ: Засега е рано за преодна влада

ДУИ: Засега е рано за преодна влада

Засега е рано за преодна влада, порачува Али Ахмети по вчерашната „бомба“ на опозицијата. Од ДУИ за „24 Вести“ велат дека во моментов е рано да се зборува за формирање преодна влада, но истакнуваат дека тоа е засега, иако не сакаат да конкретизираат кога би бил вистинскиот момент за да дадат поддршка.

Од Мала Речица го поздравуваат барањето на опозицијата за инволвирање на меѓународниот фактор во македонската политичка криза, посочувајќи дека тоа е нивна идеја и повторуваат дека за да се врати довербата и да има кредибилитет истрагата на аферите, потребно е да се инволвира политички тим, но и тим од правни експерти во случаите прислушување.