Македонија ДУИ: Ниту едно решение за Македонија, не е одржливо без Албанците

ДУИ: Ниту едно решение за Македонија, не е одржливо без Албанците

Али Ахмети, претседателот на ДУИ, денеска во амбасадата на САД во Скопје се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли. Ахмети и Бејли разговарале околу актуелната политичка ситуација во земјава, тематскиот конгрес на ДУИ, евроатлантската интеграција на земјата, како и за потребата за решавање на прашањето за името, соопштија од ДУИ.

Ахмети на средбата рекол дека ДУИ треба да стане дел од разговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Брисел, затоа што ниту едно решение за Македонија не е одржливо без да бидат вклучени и Албанците.

Според него, решението на политичката криза мора да произлезе како резултат на политички дијалог.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, апелирал за итен ангажман на сите страни во насока на решавање на кризата за да се овозможи враќање на земјата кон приоритетната агенда, решавање на прашањето за името, зачленување во НАТО и почнување на преговори за интеграција во Европската унија.