Македонија ДУИ демантира дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ демантира дека се договориле со ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ ја демантира информацијата дека била постигната согласност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, објави албанскиот портал „Актуале“.

Според партијата на Ахмети, таквите информации се чиста шпекулација и немаат никаква врска со реалноста.

„Ниту една од објавените неофицијални информации не е точна. Нашиот лидер, Али Ахмети, рече дека договорот со која било партија ќе биде транспарентен и јавноста ќе биде запознаена со него“, реагираат од ДУИ на денешната информација дека коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ веќе е подготвена.