Македонија Државниот врв утре на средба со грчкиот министер за надворешни работи Дендиас

Државниот врв утре на средба со грчкиот министер за надворешни работи Дендиас

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев утре ќе се сретната со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

На средбата со Димитров е предвидено да се разговара за билатералните односи, за политичката и економска соработка, како и за европската перспектива на Македонија и регионот.

„Исто така предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји, во светло на имплементацијата на обврските од Преспанскиот договор“, информираат од МНР.