Дописници Државниот универзитет во Тетово се солидаризира со студентските жртви во Кенија

Државниот универзитет во Тетово се солидаризира со студентските жртви во Кенија

Државниот универзитет во Тетово се приклучи на иницијативата на Асоцијацијата на европските универзитети, за солидаризирање со жртвите на терористичките напади во Универзитетскиот колеџ „Гариса“ во Кенија, кој се случи на 2 април годинава.

По тој повод, Државниот универзитет во Тетово, заедно со другите универзитети, членки на Асоцијацијата на европските универзитети, попладнево, со едноминутен молк им оддаде почит на жртвите од Кенија. Во колеџот „Гариса“ беа убиени 147 студенти, а 79 лица беа ранети.