Македонија Државниот секретар во Министерството за одбрана си поднесе оставка

Државниот секретар во Министерството за одбрана си поднесе оставка

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ си поднесе оставка од функцијата поради лични и здравствени причини, информираат од Министерството за одбрана. Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, информираат од Министерството за одбрана.