Македонија Државјанин на Црна Гора измамен во скопски Карпош за 500 евра

Државјанин на Црна Гора измамен во скопски Карпош за 500 евра

Двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра. Откако му зеле 500 евра, измамниците не се вратиле

Photo by Markus Spiske on Unsplash

Вчера 52-годишник од Црна Гора во полиција пријавил дека околу 10.30 часот на паркинг простор во близина на здравствена установа на подрачјето на Карпош бил измамен од две лица.

Според пријавеното, како што соопштува полицијата, двете лица му се доближиле и му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека бараат од него да им биде преведувач, бидејќи едниот од нив не знаел албански јазик, по што побарале и да им покаже како изгледаат евра.

„Како што е пријавено, тие му побарале 500 евра во замена за дијаманти за да може едното лице да му плати на другото, а откако им ги дал парите, едно од лицата заминало со изговор дека ќе оди во банка да извади пари, а другото да ги тргне возилата“, се вели во полицискиот билтен.

Според пријавеното, откако лицата не се вратиле, тој сфатил дека е измамен, а од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.