Дописници Државјанин на САД преживеал пад со параглајдер кај Љубаништа

Државјанин на САД преживеал пад со параглајдер кај Љубаништа

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 15.34 часот било пријавено дека во Љубаништа, охридско паднал параглајдерист.

Од увидот на лице место што го извршиле полициски службеници од СВР Охрид констатирано е дека во 15.20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р. (57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки.

Параглајдеристот со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.