Свет Европа Дриан: ИД мора да се елиминира

Дриан: ИД мора да се елиминира

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ло Дриан, соопшти дека официјален Париз ќе продолжи со операциите против Исламска држава во Сирија и во Ирак и оти борците на џихадистичкото движење треба да бидат уништени.

По САД, Франција учествува со најголем број авиони и војници во составот на коалицијата против ИД. Покрај тоа, околу 3.500 француски војници оперираат во реонот на Сахел и на Сахара против исламистите поврзани со Ал Каеда.

– Исламска држава е терористичка армија со борци насекаде низ светот. Таа е меѓународна армија, која треба да биде елиминирана и тоа е причината зошто сме дел од коалицијата – посочи Дриан.

Изјавата на министерот за одбрана доаѓа откако францускиот Парламент изгласа продолжување на воената мисија на Франција во Ирак.