Забава Драган Николиќ во тешка состојба примен во болница

Драган Николиќ во тешка состојба примен во болница

Српскиот актер Драган Николиќ се бори за живот, јавија српските медиуми. Според нив, актерот, кој неодамна беше подложена на оперативен зафат на дебело црево, итно е пренесен во болница, а лекарите се борат за неговиот живот.

Тие информираат дека 71-годишниот Николиќ бил приклучен на апарати затоа што не можел самостојно да дише. По извесно време лекарите успеале незначително да ја подобрат неговата здравствена состојба и актерот повеќе не е на апарати.