Македонија Донирана храна за 240 лица во социјален ризик

Донирана храна за 240 лица во социјален ризик

Ова е петти пат по ред клубот „Ноу лимит“ да организира ваква хуманитарна акција

Фото: Мото клуб „Ноу лимит“

Членови на мото клубот „Ноу лимит“ денеска донирале храна за околу 240 лица кои се во социјален ризик, соопштија оттаму. Хуманитарната акција на клубот била реализирана во соработка со отец Оливер, хуманитарната организација „Св. Спас“. Ова е петти пат по ред клубот „Ноу лимит“ да донира на социјално загрозени граѓани.

„Со ова, целта ни е барем малку да им го разубавиме тешкото секојдневие на лицата во социјален ризик, а во пресрет на новогодишните празници. Се надевам дека со ова ќе мотивираме и други наши граѓани да помагаат и да бидат хумани“, вели Дарко Гиговски, претседател на клубот.

Мото клубот „Ноу лимит“ постои речиси пет години. Во претходни хуманитарни акции, членовите делеа храна, средства за хигиена, пакетчиња и дрва за огрев на семејства од социјален ризик во општината Ѓорче Петров.